Награден најактивниот клиент на TimoCom во Македонија

ВЕРС ДООЕЛ Скопје е специјализиран за транспорти со ладилници

Objavi na ...
19.10.2015

Екрат/Скопје 14.10.2015 - Кога транспортните фирми во Македонија бараат утовари не можат да не наидат на следниот налогодавач: ВЕРС ДООЕЛ Скопје. Фирмата е далеку пред сите во Македонија по бројот на поставени понуди на утовари во транспортната берза TC Truck&Cargo®. Од таа причина фирмата е наградена и тоа многу ги изненади.

Objavi na ...

„Воопшто не ни мислевмe на тоа дали сме најактивниот TC Truck&Cargo® корисник во Македонија“, објаснува Сашко Тодоров. транспорт менаџер на ВЕРС ДООЕЛ Скопје, кога слушна за добрата вест. Фирмата е основана уште во 1994 година и транспортира пред  сè овошје, зеленчук и месо - накратко: Секогаш кога станува збор за лесно расипливи прехрамбени производи, кај ВЕРС ДООЕЛ Скопје клиентите се на вистинскот место.  Давателот на транспортни услуги располага со пет сопствени камиони од кои 4 ладилник-полуприколки. Така над 80% од налозите на ВЕРС ДООЕЛ Скопје се во делот на логистиката со ладилници.

Од 2004 фирмата е клиент на TimoCom и перфектно ги искористува можностите на TC Truck&Cargo® - и тоа добро им се исплаќа. Бидејќи фирмата добива повеќе налози отколку што може да ги реализира со сопствените камиони , ВЕРС ДООЕЛ Скопје многу од утоварите ги објавува на транспортната берза. „TC Truck&Cargo® неверојатно ни ги олеснува работите“, вели Тодоров. Кога TC Truck&Cargo се појави на пазарот, тоа значеше и почеток на нова ера во логистичките текови. Диспонирањето се одвива многу поедноставно и полесно.“ Тоа доведе фирмата да биде најактивен клиент на TimoCom во Македонија. И затоа сега и официјално е наградена од најголемата транспортна платформа.

Безмалку илјада понуди на утовари
Значи вреди да се имаат на око понудите на ВЕРС ДООЕЛ Скопје на транспортната берза TC Truck&Cargo®. Имено, фирмата во текот на оваа година има објавено повеќе од 930 понуди на утовари на транспортната берза на TimoCom. Бидејќи Тодоров и неговите колеги често мора брзо да реагираат, постојано се зголемува изборот на деловни партнери на фирмата. „За нас најважното е тоа што имаме едноставен пристап до информации, можеме брзо да прифаќаме и објавуваме понуди како и целокупната безбедност во рамките на транспортната берза. TimoCom во сето ова успеа да не убеди“, објаснува Тодоров. Барањата кои ВЕРС ДООЕЛ Скопје им ги поставува на транспортерите, се вообичаените во браншата, а дел од нив мораат да бидат исполнети уште при пријавувањето на фирмите на берзата.

Така опремени, секој корисник на берзата за утовари и утоварен простор TC Truck&Cargo® може да профитира од понудите на најактивниот клиент на TimoCom во Македонија.

do vrha

Slažem se sa tim da ova strana upotrebljava kolačiće (Cookies) za analize, lične sadržaje i reklame. Saznajte više